Капитенот на Англија, Хари Кејн, ќе биде подложен на тестови за снимање на десната нога, која ја повреди на натпреварот против Иран.
Напаѓачот на Тотенхем и „гордиот Албион“ доби незгоден удар во зглобот, што го спречи вчера да тренира со остатокот од тимот. За да се утврди степенот на повредата, Кејн денеска ќе го снима зглобот и резултатите сигурно со нетрпение ги исчекуваат во Англија, а до тогаш сигурно стравуваат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Доколку се утврди дека повредата е од посериозна природа, Кејн сигурно ќе го заврши настапот на Светското првенство.
Кејн секако е еден од клучните играчи во селекцијата на Англија и тоа го покажа на средбата со Иран во понеделникот кога подели две асистенции.
Сето ова се случува пред натпреварот против САД во петок, а се стравува дека Кејн би можел да го пропушти натпреварот. Англичаните се надеваат дека ова е најлошото сценарио.