Денес судиската комисија на Македонија ги ја објави анализата на спорните одлуки за 28-то коло во Првата и Втората македонска фудбалска лига.
Според анализата оштетени биле Шкендија, Шкупи и Слога Виница за недосудени пенали.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шкендија во натпреварот против Брегалница не добила пенал во 82-та минута.
„Играч од екипата на гостите ја имаше во посед топката странично во шеснаесетникот на домаќините, над него стартуваше голманот на домаќините кој минимално ја допре топката која не го смени правецот на движење, туку остана во посед на играчот и потоа со телото направи прекршок на ногата на играчот. Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди удар од 11 метри за гостите, поради недозволен старт на нога од голманот на домаќините над играчот од екипата на гостите“
Шкупи против Тиквеш не добил пенал во 54-тата минута од средбата.
„Играч од екипата на гостите центрира топка во шеснаесетникот на домаќините, играч од екипата на домаќините ја удира топката до соиграч кој сакајќи да ја избие со глава ја удира со рака која му е високо подигната и во неприродна положба и со тоа се стекна во предност и ја зема топката во свој посед. Главниот судија беше одлично поставен меѓутоа донесе погрешна одлука што дозволи играта да продолжи, требаше да се досуди удар од 11 метри за екипата на гостите, поради играње со рака од играч на домаќините, која е во неприродна положба (високо подигната),
Слога Виница е третиот тим кој викендов не добил пенал и тоа против Тетекс во 65-тата минута.
„Играч од екипата на гостите центрира топка во шеснаесетникот на домаќините, играч од екипата на домаќините ја удира топката до соиграч кој сакајќи да ја избие со глава ја удира со рака која му е високо подигната и во неприродна положба и со тоа се стекна во предност и ја зема топката во свој посед. Главниот судија беше одлично поставен меѓутоа донесе погрешна одлука што дозволи играта да продолжи, требаше да се досуди удар од 11 метри за екипата на гостите, поради играње со рака од играч на домаќините, која е во неприродна положба (високо подигната)“