Ако веруваме на „Газета дело спорт“, Наполи се соочува со финансиски проблеми пред крајот на сезоната.
Се шпекулира дека претседателот Де Лаурентис загубите ќе ги покрива така што ќе се ослбодува од играчите кои имаат скапи договори. Помеѓу тие играчи е и стоперот Калид Кулибали кој долго време е мета на повеќе европски клубови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наполи за него сигурно би добил солидна сума, а и би се ослободил од неговите високи примања. Во Наполи Кулибали заработува 11 милиони евра по сезона и тоа нормално дека би било големо олеснување за клубот.
Името на Кулибали претходно се поврзуваше со Јунајтед, Ливерпул, ПСЖ и Барселона.