Мартин Одегард летото 2015 година со епитетот најдобар млад играч во Европа пристигна во редовите на Реал Мадрид, но во „кралевите“ во тој момент едноставно немаше место за него.
Младиот Норвежанец беше позајмуван во Хрневен, Витесе и од ова лето во Реал Сосиедад каде што игра одлично.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во својот нов клуб минатиот месец беше прогласен за најдобар, а доколку продолжи со ваквите настапи може да се случи Зидан да го врати од позајмица.
Одегард покрај Реал наводно добил понуда и од Ливерпул, пишува шпанскиот сајт „Дон Балон“.
Според она што се пишува Одегард би бил достапен за сума од 30 милиони евра. Во текстот се споменува дека настапите на фудбалерот ги следат уште Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Останува да видиме каде ќе заврши Одегард и дали Реал конечно ќе се реши да му даде шанса во првиот тим.