Денес Меси ќе се огласи, барем такви се најавите на најголемите шапански медиуми, а ако неговата одлука биде да остане тогаш би можел да остане и Луис Сурез.
Роналд Куман по претставувањето во Барселона зборуваше со Суарез и му соопшти дека тој нема да има место во неговиот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус сакаше да ја искористи ситуацијата и да го ангажира Суарез, но „Кориере дело Спорт“ пишува дека Меси го блокирал трансферот.
Познато е дека Меси и Суарез се големи пријатели уште од 2014 година, кога станаа соиграчи, па често заедно со семејствата ги поминуваа одморите, а такво нешто се случи и годинава по завршувањето на сезоната во Ла лига.