Давид Де Геа со години е еден од најдобрите поединци во Манчестер Јунајтед. Тој е меѓу стативите на овој клуб од 2011 година, меѓутоа на крајот на актуелната сезона неговиот договор истекува и се уште нема најава за продолжување.
Во медиумите се поставува прашањето дали Шпанецот ќе се реши за нов предизвик, во овој момент тој заработува 375.000 фунти неделно и ако соработката биде продолжена со таа плата сигурно дека тоа ќе биде терет за раководството. Засега не е јасно какви се плановите на клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ако Де Геа заминува кој би можел да го наследи?
Диого Коста, голманот на Порто се докажува од меч во меч оваа сезона во Лигата на шампионите, има само 23 години и е фантастичен голман. Вчера тој стана првиот голман кој успеал да одбрани три пенали во една сезона во елитното натпреварување.
Покрај него се споменува и шпанскиот голман кој настапува за Билбао, Унаи Симон.
Станува збор за голман кој многу лесно би можел да биде прв избор меѓу стативите на шпанската репрезентација, а има само 25 години и исто како и Коста брани во одлична форма.