Дома Трансфер зона Aко Барселона го сака синот на помошникот на Куман треба да плати 100 милиони евра

Aко Барселона го сака синот на помошникот на Куман треба да плати 100 милиони евра

Џордан Ларсон синот на Хенрик Ларсон кој денес беше именуван за помошник на Роланд Куман минатата година потпиша за Спартак Москва.

Откако Ларсон како поранешен напаѓач на Барселона доби шанса да му помага на Куман веднаш се појави шпекулација дека Барселона ќе тргне по потписот на неговиот талентиран син, Џордан.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Џордан е роден 1997 година во Ротердам додека неговиот татко играше за Фејенорд и подоцна стана репрезентативец на Шведска. Прво играше за младинските категории на Холандија, но потоа ја избра Шведска, земјата за која играше и неговиот татко.

23 годишниот Џордан Ларсон пред Спартак играше за Хогаборгс, Хелсинборг, Норкопинг и холандскиот НЕЦ Нијемеген, а во Русија е од минатата година.

Рускиот клуб е во сопственост на милијардерот Леонид Федун кој на Норкопинг за услугите на Ларсон плати четири милиони евра, а тој возврати со 11 голови на 33 натпревари во руската Премиер лигата.

„Претпоставуваме дека синот на Хенрик, Џордан ќе биде нова мета на Барселона, но тој за нас е важен играч. Ако Барселона го сака нека спреми 100 милиони евра, инаку нема потреба да преговараме“, порачал првиот човек на Спарта.

Неговите зборови во овој момент изгледаат како шега, а и не е познато дали навистина Куман се интересира за Џордан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …