Еден Азар летото 2019 година пристигна во Реал Мадрид од Челзи како големо засилување.
Сепак Белгиецот не ги исполни очекувањата и според најавите на шпанските медиуми после две ипол години мадритскиот тим сака да се ослободи од прескапиот играч. Во Реал Азар е повеќе повреден отколку здрав и одигра 54 натпревари на кои постигна пет гола и запиша девет асистенции.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Марка“ пренесува дека Азар би можел да се пресели дури и во втора лига и тоа во тимот на македонскиот фудбалер Ердон Даци. Вестерло е лидер во втората белгиска лига, а сопственикот Хасан Четинкај би сакал да го види во клубот.
„Јас и Еден сме пријатели. Кога играше за Лил ми вети дека еден ден ќе заигра за Фенербахче. Вестерло изгледа како потешка опција, но зошто тука да не ја заврши кариерата“, се запраша Четинкај.
Азар кариерата ја започна во белгиски Тубизе како младинец од каде што премина во Лил во 2005 година. Таму се задржа до 2012 година кога се придружи на Челзи каде што стана вистинска легенда и на 352 натпревари постигна 110 гола и забележа 92 асистенции.