Дома Фудбал Останато Aдријано за голот против Реал: Замислив како да сум во мојата фавела, топката одеше со 170 километри на час (ВИДЕО)

Aдријано за голот против Реал: Замислив како да сум во мојата фавела, топката одеше со 170 километри на час (ВИДЕО)

Бразилецот Адријано Леите Рибеиро е еден од најомилените фудбалери кои се појавиле на теренот.

Впечатокот кај фудбалските фанови е дека можеше да направи многу повеќе, но после смртта на неговиот татко неговата кариера тргна во надолна линија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега Адријано се потсети на голот против Реал Мадрид кога имаше сам 19 години играјќи за Интер.

„Тоа ми е убав спомен. Отидов на „Бернабеу“ на 14 август 2001 во дресот на Интер против Реал. Тоа ми беше доволен мотив. Излегов на терен и замислив дека играм во прашината на мојата фавела. Дриблав, шутирав, се ми одеше. Слободен удар, а јас замислувам како шутирам пред мојата куќа, а мајка ми вика на мене. Навистина се лутеше поради. Покажав се што вежбав, топката одеше со 170 километри на час“, се потсети Адријано.

Голот на Адријано можете да го видите на 3:20 во видеото:

Кога му се јавиле дека татко му починал од срцев удар светот му се срушил.

„Тоа остави голема празнина во мојот живот. Интересно е дека родниот Бразил ми врати малку светлост во тешките денови. Не можете да замислите што ми поминуваше низ главата. Се вратив во Италија, играме против Базел, јас ја освоив топката, оставив двајца зад себе…Тие се обидуваа да ме срушат, но јас постигнав гол. Целата енергија во прославата ја посвети на мојот татко. Ги паметам прегратките на моите соиграчи. Интер секогаш беше тука за мене во најтешкиот период. Морати ми беше како татко, исто и Занети. Вечно ќе им бидам благодарен“, раскажа Адријано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер е нов шампион на Италија!

Тимот на Интер е новиот шампион на Италија откако го победи градскиот ривал со 2:1 во мила…