Дома Македонски спорт Aдеми: Некои зборови кон мене беа одвратни, одбив клуб од топ 5 првенства поради Динамо

Aдеми: Некои зборови кон мене беа одвратни, одбив клуб од топ 5 првенства поради Динамо

Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Арјан Адеми за првпат јавно проговори за хаосот кој настана со намалувањето на платите во клубот и заминувањето на тренерот Ненад Бјелица.

Ситуацијата во Динамо сега е подобра и играчите се договорија околу примањата, па дојде време и да се обратат на јавноста. Адеми призна дека најголем проблем во клубот била лошата комуникација помеѓу играчите и раководството.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Најголем проблем беше начинот на кој се комуницираше, се зборуваше за кратење на плати во рок од една година, а во тој момент не знаевме што ќе биде за една недела или месец. Сите имаме различни договори, требаше време за договор. Не бевме повредени, туку збунети бидејќи знаевме дека клубот добро стои финансиски. Повредени бевме кога се беше јавно објавено, требаше се да решиме како семејство“.

Адеми навивачите на Динамо Адеми го означија како главен винвоник, а еве што на тоа кажа македонскиот фудбалер.

„Знаев дека „тиквата ќе пукне“ на мене, клубот кон мене беше фер и коректен додека не играв, но не можам поради благодарност да одам контра совеста. Кога во прашање се навредите во јавноста, во овие десет години овој тим учествуваше во најмногу хуманитарни акции и на сите покажавме каков карактер имаме кога ги постигнавме историските резултати. Клубот беше тука кога јас имав криза (аферата со допинг), но јас одбив разни понуди, имав една и од топ 5 првенства, го ставив својот сон во втор план поради Динамо. Многу работи се случија, некои реченици упатени кон мене беа навистина одвратни“, изјави помеѓу другото Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…