Дома Останати Тенис Aдвокатот на австралиската Влада побара притвор за Ѓоковиќ

Aдвокатот на австралиската Влада побара притвор за Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ нема важечка виза откако истата ја укина министерот за имиграција во австралиската Влада Алекс Хок.

Српскиот тенисер и понатаму е во Австралија, поднесена е жалба. Последната информација од денешното сослушување на Новак е дека случајот се префрла на Федералниот суд што значи судијата Кели кој претходно донесе одлука во корист на Ѓоковиќ ја завршува работата околу овој случај.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Адвокатите на двете страни ги кажаа своите аргументи пред судијата Ентони Кели, па конечната одлука се очекува во недела, но за тоа ќе решава Федералниот суд. Адвокатот на Владата на Австралија побара од судијата Кели да биде вратен притворот за Ѓоковиќ, кој во моментов е на слобода.

Медиумите наведуваат дека со ваквата одлука (префрлување на Федереалниот суд) се намалуваат шансите на Ѓоковиќ да заигра на Австралија Опен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…