Дома Фудбал Лига на шампиони Aгуеро: Верувам дека Лигата на шампионите ни е судена

Aгуеро: Верувам дека Лигата на шампионите ни е судена

Серхио Агуеро изрази надеж дека на Манчестер Сити ќе му се исплати констатното напредување и стекнување искуство во Лигата на шампионите.

Агуеро не крие дека Лигата на шампионите е негова голема желба и се надева дека ќе успее да стигне до трофејот во ова натпреварување со Манчестер Сити. Со победата против Аталанта во минатото коло „граѓаните“ го обезбедија пласманот во наредната фаза на три кола пред крајот на групната фаза.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Лигата на шампионите е единствената желба која не ми се остварила. Се бориме и искуството во сите овие години ќе мора да ни се исплати. Долги години Сити не играше во европските натпреварувања, но во последните сезони сме тука и верувам дека сме дораснати за тој предизвик. Секоја сезона сме со поголемо искуство. Би бил среќен ако ја освојам Лигата на шампионите со Сити, се надевам дека ни е судена“, изјави напаѓачот на Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…