Дома Актуелно Aгентот на Дембеле се огласи и стави крај на сите шпекулации за негово заминување од Барса

Aгентот на Дембеле се огласи и стави крај на сите шпекулации за негово заминување од Барса

Шпекулациите околу заминувањето на Осман Дембеле од Барселона се зголемија во последно време.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Каталонскиот клуб тргна во последен обид да го доведе Нејмар и повторно влезе во преговори со ПСЖ, а Дембеле е еден од играчите кои би требало да бидат вклучени во зделката.

Додека траат шпекулациите за Дембеле неговиот агент се огласи и тој јасно порачува дека Дембеле не оди никаде.

„Осман останува 100% во барселона. Нема шанси да замине. Сака да победува со Барселона“, изјави агентот на фудбалерот за „Телефут“.

Дембеле во овој момент е повреден и ќе биде надвор од терените пет недели, а минатата сезона исто така имаше проблеми со повредите и од првата минута започна само 20 натпревари во Ла Лига.

.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Нејмар предизвика скандал: Судијата имаше менструација…

Бразилецот Нејмар повторно ги сврте очите на бразилските фанови кон себе, и тоа поради пов…