Рускиот милијардер Роман Абрамович беше приуден да го продаде Челзи после ситуацијата во Украина и инвазијата на Русија.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меѓутоа според информациите рускиот тајкун нема намера да биде надвор од фудбалот и размислува за нова инвестиција. Според информациите Абрамович би можел да го купи клубот каде што во овој момент настапува Адис Јаховиќ, турски Гезтепе.




Според информациите блиски луѓе на Абрамович веќе разговарале со првиот човек на Гезтепе Мехмет Сепил кој ставил до знаење дека сака да го продаде клубот. Засега нема информации колку Абрамович би понудил.




Гезтепе е клуб од Измир, а нема титула цели 72 години во минатата сезона заврши на 10. позиција.