Дома Фудбал Италија Aњели спремен да го врати Алегри на клупата на Јувентус?

Aњели спремен да го врати Алегри на клупата на Јувентус?

„Ил Жорнале“ утрово пренесе вистинска медиумска „бомба“ која крена прашина во Серија А.

Иако во изјавите пред медиумите Пирло има поддршка од клупското раководство изгледа тренерското столче сериозно му се тресе.

Јувентус вчера одигра 2:2 со Торино и така си го доведе пласманот во Лигата на шампионите наредната сезона во прашање.

Претседателот Андреа Ањели натпреварот го следел во друштво на Масимилијано Алегри, па веднаш се појавија шпекулации дека Алегри би можел да се врати на клупата на „старата дама“.

Ањели и Алегри имаат одличен однос, па можеби и негово враќање на клупата не би било толку големо изненадување.

Во среда Јувентус ќе го игра заостанатиот натпревар против Наполи, а од исходот на тој натпревар изгледа ќе зависи и судбината на Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…