Лондонски Арсенал денес потврди заминување на четворица фудбалери од клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Членови на „топџиите“ повеќе нема да бидат Дани Себаљос, Давид Луиз, Мартин Одегард и Мет Рајан.
Соработката со овие фудбалери со клубот од „Емирати“ им истекува на 30. јуни и тие го напуштаат клубот.
Бразилецот Давид Луис (34) во Арсенал ги помина последните две сезони и одигра вкупно 73 натпревари и постигна четири гола.
Дани Себаљос и Мартин Одегард во Лондон играа како позајмен играчи од Реал Мадрид и тие се враќаат во редовите на „кралевите“. Себаљос две сезони беше на позајмица и настапи на 77 натпревари за Арсенал, додека
Одегард дојде во јануари оваа година и собра 20 настапи.