Новата сезона во Англија ќе биде поинаква од претходните години бидејќи ќе дојде до големи промени во двете куп натпреварувања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англичаните веќе со години ги играат ФА Купот и Карабао, натпреварувања кои во сезоната 2020/2021 ќе се играат во нов формат.
Имено, организаторите одлучија целосно да го исфрлат повторувањето на натпреварот во случај на реми и во новата сезона ќе се игра по еден елиминационен натпревар.
ФА Купот ќе започне на 1 септември, а финалето е планирано да се одигра на „Вембли“ на 15 мај 2021 година, додека во Карабао купот нема да има реванши во полуфиналињата.
Причина за оваа одлука е згуснатиот распоред и преголемиот број натпревари видејќи новата сезона ќе биде пократка од претходните.