Дома Македонски спорт Мак фудбал Aнгеловски: Против Австрија да докажеме дека поразот во Скопје беше само лош ден

Aнгеловски: Против Австрија да докажеме дека поразот во Скопје беше само лош ден

0

Денес селекторот Игор Ангеловски го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите со Австрија и Израел.

За овие натпревари Ангеловски нема да смета на дури шестмина стандардни репрезентативци.

„За жал не можеме да сметаме на Адеми, Бејтулаи и Радески поради повреди, а ќе ги немаме и Муслиу, Николов и Несторовски. Ни се враќаат Барди, Велковски, а повик добија и Никола Ѓоржев и Даниел Аврамовски кои го заслужија тоа со своите настапи“, изјави Ангеловски по соопштувањето на списокот и додаде:

„Сите сакавме да бидеме конкуренти до самито крај во игра. Сепак кога е репрезентацијата во прашање секој натпревар е важен. Ќе бидеме фокусирани, сакам од секој да го дададе максимумот. Австријците не надиграа во Скопје, ќе сепак да докажеме дека тоа беше само еден лош ден. Одиме да се надигруваме, а овие два натпревари ќе бидат припрема за плејофот во Лигата на Нации“, порача Ангеловски.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Теренот замрзнат, можно е одложување на мечот Фарски Острови – Македонија (фото)

Од Фудбалската федерација на Македонија посочија дека е можно натпреварот помеѓу младите У…