Дома Фудбал Репрезентации Aнализа на групите на ЕП: Група Б – дали ова е најслабата група на Евро 2020?

Aнализа на групите на ЕП: Група Б – дали ова е најслабата група на Евро 2020?

Според многумина, групата Б на ЕУРО 2020 е една од најслабите, можеби и најнеатрактивна на овој шампионат. Белгија, Русија, Данска и Финска ќе бијат битка за пласман во следната рунда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, во оваа група е репрезентација која е меѓу фаворитите за златото – Белгија. Со многу клучни играчи во доцните 20-ти или раните 30-ти, на годинашното Европско и Светското првенство следната година се гледа како на последната шанса за нај талентирана генерација на Белгија да освои голем трофеј.

Без сомнение Белгија го има еден од најдобрите состави на првенството и затоа оправдани се очекувањата во белгиската фудбалска јавност – титула. Што се однесува за групата, очекувам без проблеми да обезбедат пласман во следната фаза.

Финска е аутсајдер во групата и еден од најголемите аутсајдери на првенството. Мислам дека оваа селекција која сепак поседува талент има најмалку шанси во групата.

Данска има нешто поголеми изгледи за пласман во следната рунда, за разлика од Русија. Данска е одлична во последно време и амбициите пред ова ЕУРО се навистина големи. Има Данска тим кој може да ја мине групата, но ако одлучува само еден меч – оној со Русија, тогаш ќе биде тешко да се предвиди. Русија освен што стигна до полуфиналето во 2008 година, тие не успеаја да ја минат својата група во 1996, 2004 и 2012 година. Очекувањата овојпат не се баш сјајни во нивната земја.

Доколку сакате совети за обложување, за оваа, но и за останатите групи на ЕП, како и повеќе натпревари посетете го сајтот на „Кладење.мк“ – тука, каде што работат луѓе кои си ја знаат работата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ма какво пензионирање: Лука Модриќ доби повик што не можеше да го одбие!

Многумина сметаат дека натпреварот против Португалија беше последен за Лука Модриќ во дрес…