Изминатата недела во светот на тенисот се играа само натпревари од Дејвис Купот, па затоа нема промени на денешната АТП листа, а Новак Ѓоковиќ ја започнува 391. недела како најдобар тенисер во светот.
Ѓоковиќ има 11.795 бодови и убедлива предност од 3.260 бодови повеќе од Карлос Алкараз. Ѓоковиќ ќе биде на врвот најмалку до крајот на октомври. Во следниот период Ѓоковиќ ќе ги брани титулите од Тел Авив (250), Астана (500), завршниот Мастерс во Торино (1.500) и финалето на Мастерсот во Париз (600).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер веќе најави дека нема да игра на турнирот во Кина што значи дека сигурно ќе настапи во Париз, на азавршниот Мастерс во Торино и Дејвис Купот. Постои можност да настапи на некој од „помалите“ турнири, меѓутоа тоа е прашање до Ѓоковиќ да процени колку натпревари ќе му бидат потребни за да влезе во форма.
Ако Ѓоковиќ успее да ја заврши годината како првопласиран на АТП тогаш ќе ја надмине границата од 400 недели на врвот на АТП.