Дома Останати Тенис Aлкараз ја доби награда која Ѓоковиќ никогаш не ја освоил

Aлкараз ја доби награда која Ѓоковиќ никогаш не ја освоил

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја доби наградата „Штефан Едберг“ која АТП организацијата ја доделува за ферплеј, професионализам и интегритет на тениските терени, но и надвор од нив.

Во изборот во гласањето за оваа награда учествуваат тенисерите од АТП-тур, а Алкараз доби најмногу гласови и стана четврти Шпанец кој се закитил со ова признание. Пред Алкараз од неговите сонародници беа избрани: Хозе Хигуерас, Алекс Коретја и Рафаел Надал.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Горд сум што добивам награда за фер-плеј, посебно што изборот го вршат мои колеги. Навистина ми значи и ви благодарам“, изјави Алкараз.

Интересно, што Новак Ѓоковиќ кој е веројатно најдобриот тенисер на сите времиња никогаш не ја добил оваа награда. Сезонава Ѓоковиќ не беше ниту номиниран и покрај фантастичната година во која доминираше на најголемите турнири и годината ја заврши како првопласиран на АТП листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шокантни сцени во Серија А, фудбалер на Рома доби срцев удар

Стоперот на Рома, Еван Ендика на мечот против Удинезе колабираше во моментот кога топката …