Дома Фудбал Лига на шампиони Aлегри: Јувентус мора да знае да победува во вакви натпревари и да игра на резултат

Aлегри: Јувентус мора да знае да победува во вакви натпревари и да игра на резултат

Јувентус лошо стартуваше во Серија А, но во Лигата на шампионите вчера го победија актуелниот европски шампион Челзи.

Алегри после дадениот гол на стартот од второто полувреме се одлучи за една дефанзивна тактика која функционираше. Одлични тактички „старата дама“ го одигра целиот меч.

„Кога морнарите се во бурно море секогаш го наоѓаат излезот, тоа го направивме вечерва. Одигравме одличен натпревар против европскиот шампион. Можевме подобро да играме од ова во техничка смисла, не реализиравме неколку добри прилики, а имавме и контри. Имаме два натпревари, шест бода и сме без примен гол, тоа e добар чекор кон осминафиналето. Јувентус е тим кој треба да знае да победува и во вакви натпревари и да игра на резултат“, изјави Алегри.

Во првото коло од Лигата на шампионите Јувентус го победи аутсајдерот во оваа група, Малмо со 0:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти: Нашата цел е да играме финале во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анечелоти зборуваше на пресконференција пред утешниот меч с…