Дома Фудбал Aлегри отворено им се понуди на клубовите од Премиер лигата

Aлегри отворено им се понуди на клубовите од Премиер лигата

Maсимилијано Алегри се уште е без ангажман откако го напушти Јувентус, а најчесто се поврзуваше со англиските клубови.

Многу често Алегри го поврзуваа со Манчестер Јунајтед каде што Солскјер не е сигурен, сега и самиот Алегри порача дека би сакал да работи во Премиер лигата.

„Сакам да работам во Премиерл игата. Во Италија работев четири години во Милан и пет во Јувентус. Сега очекувам да бидам тренер одново во Италија или за првпат во Англија. Го следам англискиот фудбал и тој постојано напредува. Многу повеќе се посветува внимание на тактиката отколку пред десет години. Посебно ми се допаѓа и тоа што се почитува традицијата. Има еден добар баланс помеѓу англискиот и новиот квалитет“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Станковски со додавање за гол го испраќа Колос на репрезентативната пауза

Лука Станковски му асистираше на Денис Ндукве во ремито 1-1 кај Буковина. Македонскиот игр…