Дома Топ вести Aзар со емотивно писмо се прости од Челзи: Ова е најтешката одлука, со вас станав играч и човек…

Aзар со емотивно писмо се прости од Челзи: Ова е најтешката одлука, со вас станав играч и човек…

Белгискиот фудбалер Еден Азар од вчера и официјално е нов фудбалер на Реал Мадрид.

Азар одлучи ова лето да го напушти Челзи и да потпише за Реал Мадрид. Белгиецот со „сините“ имаше договор на уште една година, а откако одби да го продолжи истиот на сите им беше јасно какви се неговите намери.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веќе со месеци се шпекулираше дека Азар ќе замине, вчера конечно со официјалната потврда беше ставен крај сите шпекулации.

„Знаете сега одам во Реал Мадрид. Не е тајна дека од детството сонува да заиграм за тој клуб. Дадов се од себе да останам фокусиран на фудбалот иако беше тешко во овие шест месеци посебно поради се што се пишуваше во медиумите. Сега кога клубовите се договорија се надевам дека ме разбирате, направив нов чекор во кариерата и сакам да ги остварам своите соништа“.

„Напуштањето на Челзи е најтешката одлука која сум ја донел во мојата кариера. Сега кога се е завршено сакам да дадам до знаење дека секогаш давав максимум и навистина ја сакам секоја секунда која ја поминав во овој клуб. Дојдов кога имав само 21 година и со вас станав човек и играч. На крај поради Челзи станав капитен на репрезентацијата на Белгија. Имаше тешки моменти, но уживав овие години тука“.

„Постојат многу фантастични моменти кои ги доживеавме заедно, но и такви кои се уште не болат. Навивачите за мене се посебни бидејќи ми даваа фантастична поддршка. Без вас ништо не би било можно и ви благодарам на се. Имаме многу спомени заедно и среќен сум што заминувам со титулата во Лигата на Европа“.

„Челзи и навивачите на овој клуб секогаш ќе бидат во моето срце и секако дека ќе продолжам да ги следам натпреварите на овој клуб. Се надевам дека ќе играме едни против други во Лигата на шампионите и дека ќе се сретнеме многу брзо. Пред да заминам сакам уште еднаш да се заблагодарам на сите во клубот и се што направија за мене во сите овие години. На крајот му благодарам на господинот Абрамович и неговите помошници што сфатија дека имам два големи сона. Еден го исполнив кога заиграв за Челзи, а вториот го исполнувам со играњето за Реал Мадрид. Ви посакувам се најдобро во иднина“, порача Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…