Дома Трансфер зона Aзар може да стане соиграч на Ердон Даци!

Aзар може да стане соиграч на Ердон Даци!

Еден Азар летото 2019 година пристигна во Реал Мадрид од Челзи како големо засилување.

Сепак Белгиецот не ги исполни очекувањата и според најавите на шпанските медиуми после две ипол години мадритскиот тим сака да се ослободи од прескапиот играч. Во Реал Азар е повеќе повреден отколку здрав и одигра 54 натпревари на кои постигна пет гола и запиша девет асистенции.

„Марка“ пренесува дека Азар би можел да се пресели дури и во втора лига и тоа во тимот на македонскиот фудбалер Ердон Даци. Вестерло е лидер во втората белгиска лига, а сопственикот Хасан Четинкај би сакал да го види во клубот.

„Јас и Еден сме пријатели. Кога играше за Лил ми вети дека еден ден ќе заигра за Фенербахче. Вестерло изгледа како потешка опција, но зошто тука да не ја заврши кариерата“, се запраша Четинкај.

Азар кариерата ја започна во белгиски Тубизе како младинец од каде што премина во Лил во 2005 година. Таму се задржа до 2012 година кога се придружи на Челзи каде што стана вистинска легенда и на 352 натпревари постигна 110 гола и забележа 92 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал има список од шест таленти за апсолутна доминација

Шпанскиот гигант Реал Мадрид бара засилувања за иднината, а „Марка“ пишува дека веќе е нап…