Дома Фудбал Останато Aдеми нападнат од навивачите на Ријека – фрлиле столче кон него и навредувале на национална основа!

Aдеми нападнат од навивачите на Ријека – фрлиле столче кон него и навредувале на национална основа!

Во дербито од хрватското првенство вчера се сретнаа Динамо Загреб и Ријека, а како што пренесуваат хрватските медиуми по натпреварот Аријан Адеми бил мета навивачката група „Армада“.

Според информациите на медиумите во Хрватска, Адеми бил нападнат во моментите кога требало со полициска придружба да помине покрај јужната трибина.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Навивачите на Ријека го забележале македонскиот репрезентативец и почнале да го навредуваат на национална основа, а освен тоа кон него фрлиле и столче. Сето тоа се случувало додека Адеми бил во друштво на неговата сопруга и син.

Претходно на тапет на хулиганите бил и Марко Ливаја на кого му скандирале „Ливаја умри“.

За среќа во инцидентот Адеми и семејството поминале без повреди и полицијата успеала да ги изнесе од стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Европска селекција ќе игра на Копа Америка

Фудбалскиот сојуз на Израел потпиша договор за соработка со Фудбалската конфедерација на Ј…