Денес цела Македонија се подготвува за големиот пречек на ракометарите на Вардар кои вчера ја освоија европската титула.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Програмата за пречек на ракометарите започнува во 17:00 часот кога е тргнувањето од пред СЦ Јане Сандаски. Таму ќе има организиран превоз од автобусите на ЈСП за оние кои немаат сопствени возила и ќе се тргне кон аеродромот каде што се очекува ракометарите да пристигнат помеѓу 18:30 и 19:00 часот.
Сега се појавија и фотографии од автобусот со кои ќе се возат ракометарите.
Тоа ќе биде брендиран автобус со отворен кров кој ќе има можност да се затвори доколку времето е врнежливо.
