Дома Фудбал Лига на шампиони Тој е еден од најскапите фудбалери на светот, а денес ќе ДЕБИТИРА во ЛШ

Тој е еден од најскапите фудбалери на светот, а денес ќе ДЕБИТИРА во ЛШ

Денешниот меч против Тотенхем ќе биде специјален за напаѓачот и капитен на Интер, Мауро Икарди.

Аргентинецот веќе неколку сезони е меѓу најдобрите напаѓачи во Европа, неговата цена порасна повеќе од 100 милиони евра, но Икарди до сега не одиграл ниту еден меч во Лигата на шампиони.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Интересно, Икарди денес против Тотенхем ќе дебитира во најелитното натпреварување, а неговата сопруга и менаџер Ванда Нара тврди дека тоа ќе биде специјален меч за напаѓачот.

„Интер игра на сите фронтови. Мечот против Тотенхем ќе биде многу специјален за Мауро, бидејќи тој многу го сака дресот на Интер. Минатата година му помогна на тимот да се пласира во ЛШ и вечерва ќе дебитира во турнирот“, изјави Ванда.

„Иако се уште нема постигнато гол во новата сезона Мауро е спокоен и набрзо повторно ќе почне да ги тресе мрежите. На Интер му е потребно малку време, но набрзо ќе видиме еден многу силен тим“, додаде сопругата на Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Португалска радио станица со “You’ll Never Walk Alone” се збогуваше од Жота

Диого Жота (28), крилен напаѓач на Ливерпул и член на репрезентацијата на Португалија, тра…