Денес во рамките од петото коло во македонската прва лига се одиграа пет натпревари.
Актуелниот шампион Шкендија одигра натпревар со дури осум погодоци и славеа против Работнички со убедливи 6:2, тетовци заедно со Вардар се единствената непоразена екипа во новата сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вардар кој како што споменацме се уште е без пораз има еднаков учинок како и Шкендија од три победи и две нерешени средби.
Денес црвено-црните со пресврт во натпреварот против Шкупи стигнаа до победа од 2:1.
Академија Пандев која игра одлично на стартот од сезона и бележи учинок од четири победи и еден пораз денес славеше победа против тимот на Силекс од 3:0.
Македонија Ѓорче Петров и Беласица одиграа реми без голови 0:0, додека Победа со 1:0 беше подобра од Ренова.
После пет одиграни кола лидер во првенството е тимот на Академија Пандев со 12 освоени бодови, потоа следуваат Шкендија и Вардар со по 11.