Дома Трансфер зона Мексиканецот кого го сака пола Европа останува во Порто!

Мексиканецот кого го сака пола Европа останува во Порто!

Мексиканскиот репрезентативец Хектор Ерера е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот во моментов, но неговиот агент потврди дека ќе остане во Порто.

Вчера ви пренесовме дека тренерот на Реал, Хулен Лопетеги имал разговор со Херера и го убедувал да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ следното лето, кога ќе биде слободен играч.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Интерес за Мексиканецот покажуваат уште Тотенхем, Арсенал, Интер и Рома, но неговиот агент тврдт дека Херера ќе остане на „Драгао“ со крајот на сезоната.

Неговиот договор со Порто истекува на крајот на сезоната, па Херера сака како слободен играч да ја промени средината со цел да добие подобар договор од својот следен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…