Дома Фудбал Англија Емери тврди: Уморен сум од шпекуалции, имаме одлични односи со Озил!

Емери тврди: Уморен сум од шпекуалции, имаме одлични односи со Озил!

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери категорично ги демантираше наводите на медиумите дека е во лоши односи со првата ѕвезда во тимот, Месут Озил.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германецот не беше во тимот при победата над Вест Хем, а потоа се појавија шпекуалции дека не е задоволен од позицијата на која е поставен од новит тренер.

И самиот Емери го критикуваше на пресконференција дека мора да игра онаму каде што ќе каже тој, а сега тврди дека е во добри односи со Озил.

„Уморен од постојано коментирање на некои шпекулации. Моите односи со Месут се многу добри, а во мојата професионална кариера, мојата цел е да го натерам секој да се подобри и да го извлечам најдоброто од него“, изјави Емери.

„Можеби за прв пат тој е во поинаква положба. Озил не беше со националниот тим и за време на тренингот видов дека е среќен и секојдневно работеше внимателно. Максимално е фокусиран и тренира навистина силно“, додаде шпанскиот стратег.

Изминатите денови медиумите на Островот дури пишуваа дека Озил сака да го напушти Арсенал, но тешко дека ќе најде клуб кој е спремен да му дава толку висока плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Потресно обраќање на Меси, скршен од болка се збогуваше со својот татко!

Лионел Меси преку емоционална објава на социјалните мрежи се прости од неговиот татко Хорх…