Во Каталонија сигурно ќе размислуваат, Французинот навистина е мета, но можеби имаат и подобро решение.
Скоро целиот преоден рок Барселона се поврзуваше со Пол Погба, се пишуваше и дека шпанскиот гигант ги договорил личните услови со фудбалерот, но на крајот Французинот остана во Јунајтед бидејќи Англичаните не беа во можност да му пронајдат адекватна замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, настапите кои Саул Нигез во партнерство со Серхио Бускетс ги прикажува во репрезентација сигурно се причина Барса да размисли пред да направи потег.
Барселона има опција да го доведе овој играч ако ја плати клазулата. Поточно, дури и ако некој клуб е спремен да плати 150 милиони евра за фудбалерот на Атлетико кој има договор до 2026, доколку Барса ја изедначи понудата би имала предност.
Тоа е дел од договорот помеѓу двата клуба уште од времето кога Барселона го пушти Давид Виља во Мадрид.
Многумина сметаат дека Саул е подобро решение од Погба за кого сигурно би требало да платат повеќе од 120 милиони евра. Причина е партнерството кое го има со Бускетс во репрезентацијата, но и да го наследи со оглед дека играчот за врска на Каталонците веќе има 30 години.