Руските медиуми пренесуваат дека членот на групата „Пуси Риот“ кој беше еден од неколкумината кој го прекина финалето на Светското првенство е хоспитализиран и се наоѓа во тешка состојба.
„Радио Ехо Москва“ известува дека од средата Пјотр Верзилов се наоѓа на интезивна нега. Медиумите ја цитираат и членката на „Пуси Руиот“, Вероника Никулшина која тврди дека Верзилов прво го изгубил видот, потоа и способноста да зборува, за на крајот да остане и неподвижен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Никулшина додаде и дека Верзилов се лечел на токсиколошка единица во една болница во Москва.
Верзилов, Никулшина и уште двајца членови на оваа група служеа двонеделна затворска казна поради прекинот на финалето на Мундијалот. Тие втрчаа на теренен и кратко го прекинаа финалниот натпревар помеѓу Франција и Хрватска.
Сомневањата кај пријателите и членовите од групата се дека Верзилов е отруен.