Дома Фудбал Ова би било одлично: Клуб на помош го вика – Андреа Пирло!

Ова би било одлично: Клуб на помош го вика – Андреа Пирло!

Според пишувањето на „Фокс Спорт“, Андре Пирло наскоро би можел повторно да заигра фудбал!

Имено, австралискиот Ејвондејл во овој момент преговара со Италијанецот за тој на еден ден да го облече нивниот дрес.

Во прашање е натпреварот од ФФА купот против реномираниот Сиднеј кој се игра на 19-ти септември, второлигашот смета дека Пирло може да му помогне на клубот да направи изненадување.

Иначе, ваквите ангажмани не се реткост во австралискито фудбал.

Во 2015 година Хајденберг Јунајтед го ангажираше грчкиот интернационалец, Костас Кацуранис кој тогаш одигра само едно полувреме.

Навистина би било убаво да го видиме големиот „Моцарт“ уште еднаш на фудбалскиот терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…