Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Марадона е спремен да се смири, откако стана прв тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос.
Марадона за кој е познато дека беше зависник од дрога и алкохолизам, оваа година мораше да ги убедува навивачите дека нема проблем со здравјето откако во текот на Светското првенство во Русија беше примен во болница.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој призна дека долго бил „болен“ алудирајќи на својата зависност, но како што самиот кажува сега е спремен за нов здрав почеток во Мексико.
„Сакам да го дадам на Дорадос она што го изгбив додека бев болен. Бев болен 14 години. Сега сакам да ја гледам сончевата светлина, сакам ноќите да ги поминувам во спиење. Никогаш не одев во кревет, дури не знаев ни каква е перницата. Поради тоа ја прифатив понудата на Дорадос“, изјави Марадона за британските медиуми.
Марадона во текот на кариерата ја предводеше репрезентацијата на Аргентина, како и клубовите Ал Васл и Ал Фуџара.
„Сакам долго да останам во Дорадос. Луѓето можат да зборуваат многу работи. Имав проблеми, паѓав, се повредував, тоа се беше чекор назад, но фудбалот е чекор напред. Сето тоа се промени благодарение на моите ќерки“, изјави Марадона кој со Аргентина го освои Светското првенство во 1986 година.