Дома Фудбал Лига на шампиони Европските гиганти предизвикаа еуфорија во Србија: За влезница се чека од четири часот наутро! (видео)

Европските гиганти предизвикаа еуфорија во Србија: За влезница се чека од четири часот наутро! (видео)

zvezda

На стадионот „Рајко Митиќ“ започна продажбата на влезници за натпреварите на Црвена Звезда во Лигата на шампионите.

Уште од раните утрински часови пред стадионот во Белград се направи „река“ од луѓе кои сакаа да дојдат до вредното парче хартија кое значи гледање на европските гиганти во живо. Нешто на кое овој клуб чекаше долги години…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во претходните денови Звезда продаваше пакет карти за членовите на клубот и оние со годишна карта, а денес започна отворената продажба за сита останати.

Иако благајната на стадионот беше отворена дури во 10:00 часот редот пред стадионот како што пишуваат српските медиуми започнал да се формира уште од четири часот наутро! Веќе во седум часот имало преку 1.000 луѓе во долгата редица…

https://www.facebook.com/crvenazvezdafk/videos/268494750450399/

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…