Дома Трансфер зона Тухел „фрли око“ на фудбалерот кој беше мета на Ливерпул и Јунајтед

Тухел „фрли око“ на фудбалерот кој беше мета на Ливерпул и Јунајтед

neves

Парижаните би можеле да ги расипат плановите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

На изненадување на многумина Рубен Невеш во 2017 година пристигна во тимот на Вулверхемптон кој во тие моменти играше во Чемпионшип.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Така „волците“ покажаа големи амбиции за враќање во Премиер лигата, целта беше остварена и тоа со доминациски манири, додека Невеш беше еден од најдобрите играчи во тимот на Нуно Еспирито Санто.

Веќе ова лето се појавија гласини дека може да го засили Ливерпул, подоцна во целата приказна се вклучи и Јунајтед, но младиот Португалец одлучи да остане во тимот со кој има договор до 2023 година.

Сепак, кога богатиот клуб од Париз ќе тропне на вратата не е сеедно, па доколку Тухел биде упорен да го види во својот тим сигурно дека Вулверхемптон ќе биде во големо искушение.

Се поизвесно е дека ПСЖ ќе остане без Адриен Рабио на кого договорот со шампионот на Франција му истекува на крајот од сезоната и засега ги одби сите понуди за продолжување на соработката, па Невеш би бил идеална замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…