Дома Фудбал Останато Открива неговиот менаџер: Порано или подоцна Диего Симеоне оди во Серија А, познато и во кој клуб!?

Открива неговиот менаџер: Порано или подоцна Диего Симеоне оди во Серија А, познато и во кој клуб!?

Според зборовите на сестрата на Диего Симеоне која е и негов менаџер веќе е познато кој клуб ќе биде наредната страница на аргентиснкиот стратег.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ако може да се верува на зборовите на Наталија Симеоне следна дестинација на Симеоне ќе биде Италија и тоа, Интер.

Симеоне во Интер настапуваше три години од 1996 до 1999.

„Диего тоа ми кажа, порано или подоцна ќе заврши во Интер. Мислам дека тоа е само прашање на време. Го сака тој клуб и животот во Милан. Интер е екипа која навистина сака да ја тренира. Но го сака и Лацио“, изјави Наталија за Газето.

Ќе потсетиме Диего, еден дел од карниерата помина и во Рим.

„На крајот на денот страста секогаш победува. Диего е со Атлетико веќе седум години и еден од најдобрите тренери во светот, но останува кога знае дека има уште работа, јас го следам“, заврши сестраната на познатиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најдобриот играч на Парагвај прв во историјата доби црвен картон со новото правило на ФИФА

Врвниот фудбалер на Парагвај, Мигел Алмирон, стана првиот играч кој во историјата доби црв…