Дома Фудбал Англија Први информации за состојбата на Шо по тешкиот пад!

Први информации за состојбата на Шо по тешкиот пад!

Добри вести пристигнуваат од Англија.

После судирот со Дани Карвахал, Лук Шо заврши на земја. Падот беше навистина страшен, а веднаш реагираше и медицинскиот тим.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Многумина сигурно стравуваа за здравјето на фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој во својата кариера веќе имаше проблеми со тешка повреда кога ја скрши ногата во натпревар против ПСВ во Лигата на шампионите.

Сеапк, сега за среќа изгледа добро поминал.

Првите информации за неговата состојба се позитивни. Како што пишуваат англиските медиуми, Лук Шо е свесен и веќе им испратил порака дека е добро на сите кои биле загрижени за неговото здравје.

После информациите од медиумите со соопштение излезе и Фудбалската асоцијација на Англија.

„Лук Шо е свесен, во состојба е да оди и зборува. Добива третман од докторите, но вестите се добри“, стои во соопштението од ФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Димитриевски е пред заминување, но друг Македонец може да потпише за Валенсија!

Столе Димитриевски би можел да ја напушти Валенсија во потрага по минутажа, бидејќи на „Ме…