Еден Азар ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната, ако тимот не успее да си обезбеди учество во Шампонската лига, тврдат англиските медиуми.
Ова лето многу се шпекулираше со неговата иднина, некои медиуми тврдеа дека веќе има договор со Реал Мадрид, но Азар сепак на крајот реши да остане во Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Азар со Челзи истекува во летото 2020 година, а во оваа фаза Белгиецот одбива да го обнови својот договор и го чека крајот на сезоната.Имено тој сигурни ќе го напушти Челзи ако „сините“ не се квалификуваат за Лигата на шампионите.
Белгискиот репрезентативец не е единствениот играч кој може да го напушти Челзи. Договорите на Давид Луис и Цеск Фабрегас беа продолжени само за една година и ситуацијата кај двајцата е слична.
31-годишниот Луис е непроменлив стартер кај Сари, додека Фабрегас се уште не запишал ниту минута поради повреда.