Дома Фудбал Репрезентации Енрике работи на логиката на Шпанците: Репрезентативците тренираа „бегање од затвор“

Енрике работи на логиката на Шпанците: Репрезентативците тренираа „бегање од затвор“

Селекторот на „Фуријата“, Луис Енрике смисли интересна активност за своите играчи.

Репрезентативците на Шпанија се собраа пред натпреварите со Англија и Хрватска во Лигата на нации кои се закажани за осми и 11-ти септември.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот играч и тренер на Барселона, сега селектор на фудбалската репрезентација, Луис Енрике одлучи да ја подобри атмосферата така што ги одведе во популарната „Еscape Room“.

Во прашање е игра во која сте затворени во една просторија и собирајќи разни траги и користејќи ја логиката треба да излезете.

Репрезентативците на Шпанија така имаа прилика да бегаат од три различни соби со интересни теми.

Едната е „Бекство од затвор“, втората е „Главна мадридтска банка“ и третата е „Убиец преку хороскоп“.

Нема сомневање дека фудбалерите уживале во оваа активност, а на Енрике не му е прв пат да прави вакво нешто, своевремно, по доаѓањето во Барселона играчите ги носеше на картинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…