Во каталонските медиуми денес одекна ни малку добра вест за екипата на Барселона.
Како што пренесува реномираниот „Мундо Депортиво“, Чилеанецот Артуро Видал поради повреда порано го завршил тренингот на Чиле!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во прашање е повреда на коленото, што ако се знае дека и во минатото му правеше проблем на Видал би можело и тоа како да биде проблем.
Она што засега е познато е дека ќе го пропушти натпреварот против Јапонија, а во меѓувреме ќе му бидат извршени специјалистички прегледи за да се утврди карактерот на повредата.
Видал во својата кариера пропушти повеќе од 100 дена поради повредата на истото колено…
Ќе потсетиме дека и кога Барса го купи за релативно ниска сума (20 милиони евра) за денешната ситуација во фудбалот, се појавија приказни дека Баерн барал клуб на кого ќе му го „подметне“ фудбалерот поради истиот проблем.