Дома Фудбал Англија Куртоа со провокација до Челзи: На „Бернабеу“ можеш да видиш само ѕид од луѓе

Куртоа со провокација до Челзи: На „Бернабеу“ можеш да видиш само ѕид од луѓе

Белгискиот голман со суперлативи зборуваше за новиот клуб.

Тимот на Челзи ова лето беше принуден да го продаде Тибо Куртоа, а потоа постави рекорд доведувајќи го младиот Аризабалага од Атлетик Билбао.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Куртоа одби да го продолжи договорото со лондонскиот клуб и имаше голема желба да се врати во Шпанија поради неговото семејство.

26 годишниот голман дебитираше во саботата кога Реал на свој терен со 4:1 запиша победа над Леганес, единствениот гол Куртоа го прими од удар од белата точка.

Потоа Белгиецот зборуваше за разликите помеѓу неговиот сегашен и поранешен клуб.

„Со сите одлично се сложувам, комуникацијата со одбраната е фантастична. На тренинзите забележувате дека овде нивото е екстремно високо. Од ден во ден гледам се повеќе сум убеден дека Серхио Рамос е најдобриот дефанзивец во светот. Исто така нивото е многу повисоко од она во Челзи“, изјави Куртоа кој потоа го спореди и „Сантиаго Бернабеу“ со „Стенфорд Бриџ“.

„Двојно е поголем, секако дека чуството е поинакво. Ако погледнете пред себе, ќе видите еден огромен ѕид од луѓе, додека на „Стенфорд Бриџ“ можете да го видите небото или хотелот зад стадионот“, заврши Куртоа кој можеби и сакаше малку да ги испровоцира навивачите на неговиот поранешен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алиоски со супер гол донесе голем бод против Белгија

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Белгија и одигра 1:1 на Арената во С…