Почеток од соништата за Французинот.
Кристиано Роналдо го напушти Реал ова лето, навивачите се помирија и сега имаат нови миленици. Еден од нив сигурно е напаѓачот Карим Бензема, кој сезоната ја започна со пет погодоци на четири одиграни натпревари, ако ги гледаме натпреварите во Ла Лига има учинок од четири гол на три натпревари.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Колку оваа сезона е поинаква за Французинот во однос на минатата говорат и бројките. Бензема во минатата сезона постигна чеитри гола дури во 25-тата недела, а тоа беше кон крајот на февруари против Алавес. Во целата претходна сезона постигна само пет погодоци.
На Бензема очигледно му годи отсуството на Португалецот, но и доаѓањето на новиот тренер Лопатеги, кај кого очигледно има поинаква улога отколку кај Зидан.
Напаѓачот на „кралевите“ во последниот натпревар против Леганес постигна два погодоци и очигледно е дека ужива на теренот, а навивачите започнаа и да го скандираат неговото име.
Бејл исто така ја започна фантастично новата сезона и има учинок од три гола на последните три натпревари.