Дома Топ вести Што се може Меси за 90 минути… Тешко е и да се наброи!

Што се може Меси за 90 минути… Тешко е и да се наброи!

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси одигра уште една брилјантна партија против Хуеска во 3-то коло од шпанското првенство.

Меси синоќа на Камп Ноу стана првиот фудбалер во 21-от век кој успеа да запише 150 асистенции во Примера и во моментов има 151. Од активните фудбалери наблиску е неговиот поранешен соиграч Цеск Фабрегас кој има 143.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Аргентинецот покрас асистенциите и головите против Хуеска имаше 101 допир со топката, седум шута, 75 комплетирани додавања, девет креирани шанси и 100% успешност во дриблинзите.

Хуеска стана 37-от тим во Примера против кого Меси успеа да се запише во листата на стрелци. Притоа Аргентинецот е во серија од 46 натпревари без пораз во првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Родриго имал состанок со Алонсо – позната е неговата иднина

Во изминатите недели многу се шпекулираше дека Родриго сака да го напушти Реал Мадрид пора…