Дома Трансфер зона Некогаш со Нејмар важеа за најголеми бразилски таленти, а денес Севиља го испрати во Франција

Некогаш со Нејмар важеа за најголеми бразилски таленти, а денес Севиља го испрати во Франција

Бразилецот Гансо кој своевремно важеше за огромен бразилски талент следната сезона ќе ја помине во француски Амиен.

Французите во последниот ден од преодниот рок успеаа да се договрат со Севиља за позајмица од една година.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Минатата сезона Бразилецот во Севиља одигра 11 натпревари и постигна четири погодоци.

Како што спомеавме Гансо важеше за голема надеж на бразилскиот фудбал, но не успеа да ги исполни очекувањата. Во Европа пристигна пред две години од Сао Паоло, а претходно со Сантос триумфираше во Копа Либертадорес.

Тогаш играше заедно со Нејмар и беше еден од најзаслужните за големиот успех на бразилскиот клуб.

Неговиот нов клуб Амиен во првите три кола од француското првенство забележа една победа и два порази и се наоѓа на 14-та позиција на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…