Дома Трансфер зона Изненадување на денот: Коентрао има нов клуб и тоа не е Спортинг

Изненадување на денот: Коентрао има нов клуб и тоа не е Спортинг

Изгледа пресуди желбата на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид.

Фабио Конетрао е нов играч на Рио Аве! Искусниот португалски бек кој голем дел од својата кариера помина во Реал Мадрид се врати во матичниот клуб.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Овој трансфер е веројатно најголемото изненадување во последниот ден од преодениот рок.

Коентрао во текот на летото најмногу се поврзуваше со Спортинг Лисабон каде што минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер, но до договор сепак не дојде, па во игра се вклучи Рио Аве кој на крајот и го реализираше трансферот.

Начинот кој португалскиот клуб го доведе се уште не е познат.

Португалецот има 30 години, Рио Аве го напушти во 2007 година кога потпиша за Бенфка каде што експлодираше и четири години подоцна за сума од 30 милиони евра се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…