Дома Трансфер зона Нианг ја напушти Серија А и се врати во Франција

Нианг ја напушти Серија А и се врати во Франција

Мбаје Нианг го напушти Торино и ќе се врати во Франција каде во следната сезона ќе го носи дресот на Рен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нианг се сели во Рен на едногодишна позајмица, но францускиот клуб ќе има можност да го откупи напаѓачот по крајот на сезоната.

Зенит и Локомотив Москва, исто така покажаа интерес за 23-годишниот фудбалер, но тој одбра да се врати во Франција, каде што играше за Каен и Монпеље.

Нианг беше сопственост на Милан, но „росонерите“ постојано го отстапуваа. Минатото лето Синиша Михајловиќ го купи Сенегалецот во Торино, но кај новиот тренер Валтер Мацари тој не успеа да се избори за место во стартниот состав.

Напаѓачот беше дел од тимот на Сенегал на Светското првенство во 2018 година, каде што покажа одлични перформанси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…