Дома Фудбал Италија Адриано призна: Тренирав пијан, Интер се обиде да ги скрие проблемите!

Адриано призна: Тренирав пијан, Интер се обиде да ги скрие проблемите!

Поранешната ѕвезда на Интер и светскиот фудбал, Адриано откри детали од зависноста кон алкохолот.

„Императорот“ дури призна дека на тренизите доаѓал „мртов пијан“, но Интер се обидувал да го скрие проблемите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Сам јас знам колку страдав кога почина татко ми. Тоа остави голема празнина и јас почнав да се чувствувам сам. Бев тажен, депресивен и затоа почнав да пијам и бев пијан секоја вечер. Не престанував да пијам и на крајот мораше да го напуштам Интер“, открива Адриано.

„На утринските тренинзи одев мртов пијан и заспивав во докторскиот кабинет. Од клубот се ободуваа да ги сокријат проблемите и пред медиумите велеа дека имам мускулна повреда. Кога се вратив во Бразил се откажав од сите милиони, но си ја вратив радоста“, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…