Дома Фудбал Англија Гигс застана во одбрана на Мурињо

Гигс застана во одбрана на Мурињо

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс ги повика навивачите да им пружат поддршка на фудбалерите и менаџерот со оглед на проблемите во кои се наоѓа клубот.

„Црвените ѓаволи“ имаат два порази после три одиграни кола, што е најслаб старт во последните 26 години, а особено болен беше поразот од Тотенхем на „Олд Трафорд“ со 3:0.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Бев во понеделникот на стадион како поддршка на Јунајтед. Време е сите навивачи да се обединат во поддршката на клубот, тимот и менаџерот. Ова се тешки времиња, но и порано беше тешко, па секогаш излегувавме од кризата“, изјави Гигс.

„Кога го доведоа Мурињо, сакаа победник. Очекуваа менаџер кој ќе им донесе све. Дали е тоа Мурињо? Дали е тој типичен менаџер за Јунајтед? Веројатно не, но избран е бидејќи во клубот сакаа што побрзо да се вратат на врвот. Но, во овој момент треба сите да покажеме дека сме со него и да му дадеме поддршка“, заклучи легендарниот Гигс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…